• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Поднесување на пожестокиот проект на Резолуцијата на ГА #ООН и водење на кампањата #CrimeaIsBleeding се последните иницијативи на Украина на патот на де-окупацијата на Крим.
06 ноември 2017 14:25

 

На 31 октомври Украина го достави на разгледување на 3-от комитет на Генералната Асамблеја на ООН проектот на обновената Резолуција "Ситуацијата во областа на човековите права во Автономната Република Крим и градот Севастопол (Украина)».
Ова е апсолутно неопходен чекор, бидејќи ниту една од одредбите на Резолуцијата на ГА на ООН 71/205 «Ситуацијата со човековите права во АР Крим и градот Севастопол (Украина)», донесена на 19 декември 2016 година, од Русија не е исполнето. Тоа, меѓу другото, го потврдува неодамнешниот тематски извештај на Управата на Веховниот комесар на ООН за човекови права.
Токму затоа Украина ќе го промовира пожестокиот документ, којшто не само што ќе ги зајакне одредбите на Резолуцијата од 2016 година, но исто така ќе содржи нови важни елементи.
Тоа е пред се обезбедување на меѓународната подршка на Украина по прашањето на де-окупацијата на Крим. Посебен акцент ќе биде направен на потребата од исполнувањето од Русија на одлуката на Меѓународниот суд на ООН во случајот Украина против РФ и давање на пристап до полуостровот на меѓународните мониторинг мисии.
Проектот на резолуцијата исто така ја осудува незаконската примена од агресорот на времено окупираната територија на Украина на правниот систем на РФ, експропријацијата на украинската сопственост, автоматска дистрибуција на руското државјанство на резидентите на Крим, незаконито регрутирање на кримјаните во редовите на Вооружените Сили на РФ, што е директно забрането со меѓународното хуманитарно право.
«Светот треба да ги нарекува работите со свои имиња – станува збор за злосторства на Русија во окупираниот украински Крим и ние го привлекуваме вниманието на меѓународната заедница кон нив не само со јазикот на резолуцијата».
Во врска со тоа, Министерот П.Климкин соопшти за водење на информативната кампања #CrimeaIsBleeding, во чиј центар на внимание се судбините на кримјаните, кои со достоинство се спротиставуваат на репресиите и другите искушенија на рускиот окупаторски режим. «Нивните лични стории, стории за храброста и достоинството – тоа е нашиот одговор на тие кои ја повикуваат Украина да го заборави или продаде Крим», - изјави Павло Климкин.
Прв својата приказна ја раскажа Ахтем Чијгоз, заменик на Претседателот на Меџлисот на кримскотатарскиот народ, којшто скоро 3 години незаконски беше задржан од руските окупатори во затвор. Новите стории за злосторствата на руските окупатори и за нескршливоста на Украинците на Крим ќе се појавуваат во рамките на кампањата секоја седмица и ќе се дистрибуираат од украинската дипломатија на сите можни меѓународни места.
Воедно, кампањата треба да стане заеднички проект, уверен да се приклучат кон неа украинските и меѓународните медиуми, граѓанското општество, студентите и украинската дијаспора во странство.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux