Новоименуваниот амбасадор на Украина во Македониjа Наталиjа Задорожњук денес ги врачи копиите на акредитивните писма на Министерот за надворешни работи на Республика Македониjа Никола Димитров.
На средбата беа разгледани повеќе прашања од доменот на односите и соработката меѓу двете земји. Министерот Димитров и амбасадорот Задорожњук изразија подготвеност двете страни во претстојниот период активно да работат на проширување на политичкиот дијалог, одржување политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави, склучување неколку билатерални договори чие усогласување е во тек, како и на размена на посети на високо ниво.
Министерот Димитров и амбасадорот Задорожњук разменија и мислења за актуелни политички и безбедносни состојби во двете земји.
Посакувајќи успех во новата дипломатската мисија во Република Македонија, министерот Димитров изрази уверување дека дипломатското искуство на амбасадорот Задорожњук и нејзините познавања на Република Македонија и на регионот на Југоисточна Европа ќе бидат одлична основа за натамошна надградба на добрите билатерални односи.