Денес, се одржа првата средба на Амбасадорот Н. Задорожњук со Директорот на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави на Министерството за надворешни работи на Република Македонија О. Крлиу. Во текот на разговорот беше изразено задоволство од традиционално пријателските односи. Страните се договорија и понатаму да работат на интензивирање на билатералниот дијалог. Соговорниците ги истакнаа заедничките приоритети на двете земји - европската и евроатланската интеграција, и во врска со тоа разменија мислења за тековната состојба на исполнувањето на потребните предпристапни критериуми.