По повод Денот на достоинството и слободата се одржа свечен собир во Амбасадата на Украина во Република Македонија со учество на претставниците на Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка”, украинските пратеници, членови на меѓупарламентарната украинско-македонска група за пријателство, кои престојуваат во посета на Република Македонија на покана на нивните македонски колеги, а исто така на претставниците на украинскиот бизнис во Македонија.
Амбасадорот на Украина во Македонија Н.Задорожњук се обрати до учесниците на настанот со говор. За време на средбата исто така настапија раководителот на пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни врски со Република Македонија А. Шињкович, претставниците на здружението И. Сидоренко и В. Чорниј-Мешкова.