• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
ДЕНЕС СЕ ОСТВАРИ СРЕДБА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА ЗА МЕЃУПАРЛАМЕНТАРНИ ОДНОСИ СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ВРХОВНАТА РАДА НА УКРАИНА, ПРЕДВОДЕНА ОД НЕЈЗИНИОТ РАКОВОДИТЕЛ АНДРИЈ ШИЊКОВИЧ, СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТАЛАТ Џ
22 ноември 2017 09:53

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство што Делегација од Врховната Рада на Украина е во работна посета на Собранието на Република Македонија и се надева дека тоа ќе преставува поттик за почести средби и контакти во иднина. Односите меѓу Република Македонија и Украина од нивното осамостојување се карактеризираат со дух на пријателство, доверба, отсуство на отворени или спорни прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес.

Во однос на парламентарната соработка, беше истакнато дека пратениците од двете земји соработуваат и меѓусебно се поддржуваат во меѓународните собранија во кои членуваат парламентите на двете земји, а особено во рамките на парламентарните собранија и мисиите на ОБСЕ и на Советот на Европа.

Двете страни се согласија дека Република Македонија и Украина ја споделуваат цврстата одлучност да станат дел од ЕУ и НАТО. Претседателот Џафери изрази благодарност што Украина ја поддржува Република Македонија на патот кон демократскиот развој и во аспирациите кон евроатлантските структури.

Република Македонија е особено заинтересирана за унапредување на економската соработка, трговската размена и привлекувањето украински инвестиции.

За време на средбата беше подвлечено дека оваа работна посета претставува можност за продлабочување на соработката на парламентарно ниво, што од своја страна ќе придонесе во зајакнување на односите, како на економски и образовен, така и на културен план.

На крајот од средбата двете страни се согласија дека соработката меѓу Македонија и Украина на парламентарно ниво ќе продолжи да се продлабочува, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux