Нa 22 јуни во Украина се одбележува Денот на жалоста и споменот за жртвите од војната. Тоа е еден од најжалосните датуми во најновата историја на Украина.
На овој ден, во 1941 година, фашистичка Германија перфидно го нападна Советскиот Сојуз, од мугрите почнувајќи го масовното бомбардирање на многуте градови во земјата и префрлувајќи ги воените единици на вермахтот преку пограничните реки.
Официјално на советската влада за почетокот на војната и соопшти амбасадорот на Германија Валтер Шуленбург, во 5:30 изутрина, кога германската авијација веќе ги бомбардираше градовите.
Првиот ден од војната се претвори во катастрофа: во редовите на реоните германските тенкови едноставно ја исчистија одбраната на граничарите и навлегоа во длабочина на територијата на СССР на 15-20 километри, германската авијација на советските аеродроми уништи 1200 авиони, сред советските единици владееше хаос и конфузија.
На територијата на Украина воените дејствија траеа од јуни 1941 год. до октомври 1944 год. Нашата земја претрпе огромни загуби. На фронтовите, во концлогорите, во масовните казнени акции загинаа околу 10 милиони наши земјаци. Во потполност или делумно беа уништени 714 украински градови, 29 илјади села, повеќе од 16 илјади индустриски објекти. Без домови останаа 10 милиони луѓе.