Се случи средба на Амбасадорот на Украина во РМ Јуриј Гончарук со ректорот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј” В.Стоjковски.
За време на средбата беше разгледано прашањето на развојот на соработката меѓу скопскиот универзитет и Киевскиот национален универзитет „Тарас Шевченко”.
Особено внимание му беше посветено на прашањата за обезбедување на отворање на лекторат по украински јазик во Скопје и на лекторат за македонски јазик во КНУ „Тарас Шевченко” во септември 2012 година и завршување од македонската страна на акредитацијата на предметот «Украински јазик и литература».