• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Денот на Уставот на Украина
28 јуни 2012 12:21

На 28 јуни во Украина се одбележува државниот празник - Денот на Уставот на Украина. На овој ден, пред 16 години, Врховната Рада на Украина донесе нов Основен закон на земјата – првиот Устав на новата независна украинска држава.

Уставот ги зацврсти правните основи на независната Украина, нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет, а исто така ги зема во предвид најдобрите светски традиции и историското искуство на украинскиот народ.

Имајќи го во предвид богатото уставно наследство, работата над создавањето на Основниот Закон на нашата држава отпочна веднаш по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година со вклучување на најдобрите светски експерти и домашни специјалисти, што заврши со одобрување од Врховната Рада, во јуни 1996 година, на Уставот на Украина.

Информативно: за прв Устав на украинската држава се смета „Пактите и Уставите на законите и слободите на Војската Запорошка” (1710) на Пилип Орлик, кој беше во хармонија со тогашните тенденции на развојот на европската политичка мисла, а во некои аспекти дури ја надминуваше европската политичка теорија и практика, давајќи им предност на принципите на конституционализмот над владеачката тогаш во Европа идеја на апсолутизмот.

Уште една важна етапа од државотворниот процес стана донесувањето од Централниот Совет, на 29 април 1918 година, на Основниот Закон на Украинската Народна Република под назив „Статут за државното уредување, правата и слободите на УНР”, а исто така одобрувањето од Западноукраинската Република, на 13 ноември истата година, на Времениот Основен Закон. Сепак, трагичните настани на тогашната епоха го попречија овоплотувањето во живот на одредбите на тие документи.

Уставот на Украина од 1996 година, освен јакнењето на клучните позиции на државноста, демократијата и основните права и слободи на човекот, ја одредува надворешнополитичката дејност на Украина како таква, што е насочена на обезбедување на нејзините национални интереси и безбедност по пат на поддршка на мирна и заемнокорисна соработка со членките на меѓународната заедница врз основа на општопризнаените принципи и норми на меѓународното право.

Сепак, развојот на украинската државност покажа неопходност од понатамошно усовршување на Основниот Закон на нашата држава.

Обид за таква реформа беше направен во декември 2004 година. Затоа тој процес не ја постигна поставената цел, бидејќи се случи со нарушување на уставната процедура на внесување на измени во Уставот на Украина и стана овоплотување на сложениот компромис меѓу разните политички сили.

Со цел на изработка на предлози за измени на Уставот на Украина врз основа на генерализирање на практиката на реализирањето на Основниот Закон на Украина согласно со Указот на Претседателот на Украина, на 17 мај 2012 година, создадена е Уставната Асамблеа. Претседател на Уставната Асамблеа, по предлог на Научно-експертската група за подготовка на Уставната Асамблеа, е назначен Леонид Кравчук – Претседател на Украина во 1991-1994 година.

Во нејзиниот состав влегоа најдобрите научни и општествениекспертиод сферата на украинскиот конституционализам. Во современата политичко-правна реалност тоа дава основа за оптимизам во поглед на ефикасната работа на Уставната Асамблеа и создавањето на отворен професионален формат за дискусија за модернизирање на Уставот, постигнување на високо ниво на општествено сфаќање и можности за политички консензус при понатамошната процедура за внесување на измени во Основниот Закон.

На20јуни2012година се случи првото заседание на Уставната Асамблеа, на кое беше решено да се сконцентрира силата на изработка на Концепција за внесување на измени во Уставот.

Обновениот Устав на Украина треба да биде ориентиран на зацврстување на човекот како највисока вредност на општеството и државата.

Украинската страна во рамките на модернизирањето на Основниот Закон ќе го продолжува отворениот дијалог со сите заинтересирани странски партнери, пред се со експертите на Советот на Европа и Венецијанската Комисија.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux