Во Скопје, во ресторанот „Ден и ноќ”, се одржа следењето на директниот пренос од финалниот натпревар на Евро-2012, организиран од амбасадите на Украина и Полска.
На следењето на преносот беа присутни Премиерот на РМ Н.Груевски, Вице-премиерот М.Џафер, Министерот за надвцорешни работи Н.Поповски, Претседателот на Народната Банка Д.Богоев, Директорот на Агенцијата за млади и спорт Л.Поповски, пратениците на Собранието на РМ, амбасадорите на странските држави во Скопје, претставниците на јавноста и бизнисот.