• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Денот на државното знаме на Украина
23 август 2012 12:16

Еден од најважните елементи од процесот на градењето на државноста на било која земја е одредувањето на националната симболика како неодвоив белег на независноста. Секој народ, имајќи своја историја, има и свои историски светини – грбот, знамето, химната.

Државното знаме на Украина – националното сино-жолто знаме

На 24 август 1991 година се случи прогласувањето на Актот за независност на Украина и над зградата на Врховната Рада се развеа сино-жолтото знаме.

На 1 декември 1991 година во историјата на Украина се случи настан од навистина историска важност: се случи коренит преврат во биографијата на педесет-милионскиот народ: по сенародниот референдум на политичката карта на светот се појави нова независна, суверена, соборна држава Украина, нејзе и беа потребни сите атрибути на државноста коишто треба да ги имаат членките на Организацијата на Обединетите Нации. Без тоа е невозможно како рамноправен да се влезе во светската заедница.

На 28 јануари 1992 година сесијата на Врховната Рада на Украина донесе Одлука „За Државното знаме на Украина”.Со неа токму тоа стана националното сино-жолто знаме.

Историја на Државното знаме

Дамнешните украински знамињаимаа троаголна форма, а на крајот на XIII-XIV век се појавија четириаголни знамиња. Знамето на Киевското кнежевство беше со црвена боја со златен тризуб, а знамето на Галицко-Волинското кнежевство – беше сино со златен лав. Кнезот Данило Галицкиј, основајќи го во чест на својот син Лав местото Лавов (првпат се споменува во 1256 год.), им подари на неговите жители грб на којшто е насликан златен лав врз сино тло. А знамињата по обичај се изготвуваа согласно со бојата на грбот на таа или друга краина или земја.

Сино-жолтите козачки знамиња насликани се на сликата „Запорожците пишуваат писмо на турскиот султан” од И.Рјепин, чиј консултант бил познатиот историчар, археограф и етнограф Д.Јаворницкиј.

Во XVIII век се проширија знамињата со соединување на жолтата и сината боја. Во 1717 год. за шиење на знамињата на Полтавскиот козачки полк беа купени сини и жолти ткаенини, а во 1758 год. беа разработени нацртите на знамињата на Лубенскиот полк: на син фон слика на козак со пушка на златен штит.

Сино-жолтите соединувања добија логичен облик како национални бои на украинскиот народ во Поново време (XIX и XX век).

За првпат жолто-синото знаме со две хоризонтални ленти со приближнотаква форма како сгеа, создал Главниот совет на Рус (Лавов), кој ја почна борбата за препород на украинската нација. Во јуни 1848 година на градското феудално самоуредување на Лавов за прв пат се развеа жолто-сино знаме. Отпочнатата идеја ја прифатија просветителските и спортските организации, меѓу другото познати во сиот словенски свет „Соколи”. За одржување на првиот покраински собир во Лавов (1910 год.) специјално беше направено жолто-сино знаме. Оттогаш и почнува широка примена на знамето – отпрво на западноукраинските земји, а со време и на Украина од Левата страна на Днепар.

Особено голем замав во користењето на националната симболика стана во времето на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј од денот на раѓањето на Т.Г. Шевченко. Жолто-сините знамиња го следеа празнувањето не само во Украина (како на Десната страна од Днепар, така и на Левата страна од Днепар), туку и во Москва, Петербург, Оренбург, Омск, Виена, Прага, Варшава, Краков и на други места.

Следен поттик за ширењето на националната симболика стана Февруарската револуција во 1917 год. во Русија, по која национално-ослободувачкото движење излезе на новониво. На 29 март 1917 година воКиев се случи масовна демонстрација на која работниците, војниците, интелегенцијата одеа под црвеното знаме и жолто-сините знамиња. Под таквите знамиња се случија масовните митинзи и демонстрации во Харков, Севастопол и многу други места на Украина.

На 18 мај 1917 година во Киев се отвори I Украински воен собир, на којшто Петроградската делгација го испрати сино-жолтото знаме со натпис: „Да живее национално-територијалната автономија”. Летото 1917 година делот од бродовите на Црноморската флота ги подигна украинските национални знамиња, а на 22 ноември во Киев под националните и црвените знамиња се славеше прогласувањето на Украинската Народна Република.

Во март 1918 година Центрачниот Совет го донесе Законот за Државното знаме на републиката, утврдувајќи го сино-жолтото знаме за симбол на Украинската Народна Република.

На 13 ноември 1918 година сино-жолтото знаме стана државен симбол и на Западно-Украинската Народна Република (ЗУНР).

На 20 март 1920 год. беше утврдено покраинското сино-жолто знаме на Подкарпатската Рус, која влегуваше во составот на Чехословачка.

На 15 март 1939 год. во градот Хуст Првиот Сејм на Карпатската Украина (по распадот на Чехословачка и анексијата на Чешка од Германија) го усвои државното сино-жолто знаме. Под тоа знаме населението на Западна Украина ја дочека Црвената Армија во септември 1939 година.

 

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux