• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Украина ја одбележува 21-годишнината од прогласувањето на независноста
24 август 2012 11:14

На тој ден, во 1991 година, Врховната Рада (парламентот) на тогашната Украинска Советска Социјалистичка Република го донесе Актот на прогласувањето на независноста на Украина што резултираше со создавање на сегашната украинска држава.

Прогласувањето на Независноста ја овенча многувековната борба на Украинците за правото да имаат сопствена држава, слободно да ја развиваат националната култура, да бидат полноправен член на меѓународната заедница.

Државната независност истовремено им донесе на луѓето и лични права и слободи, ставајќи крај на советскиот тоталитарен систем. Создавањето на новата суверена Украина се случуваше паралелно со зацврстувањето на демократијата и изградбата на социјално ориентирана пазарна економија.

Чесни и транспарентни избори, слобода на говорот и вероисповеста, меѓуетничката и меѓуконфесионалната заемна почит и толерантност станаа важни демократски придобивки на Украина. Тоа се ралностите без кои сегашното поколение на Украинци не може да си го вообрази своето постоење.

На светската сцена Украина од самиот почеток настапуваше како мирољубива држава која верува во демократските цивилизациски вредности, ги почитува принципите и нормите на меѓународното право и тежнее за меѓусебно корисна соработка со сите членови на меѓународната заедница.

Украина прави голем придонес во јакнењето на меѓународниот мир и безбедност. Украина стана прва во светот држава која доброволно се откажа од силниот нуклеарен арсенал којшто и остана во наследство од Советскиот Сојуз. Во текот на двете децении ние сме активни учесници во практично сите најважни меѓународни миротворни мисии.

Украина е важен субјект на меѓународните односи. Во 2011 година ние за прв пат претседателствувавме во Комитетот на Советот на Европа, во тековната година претседателствуваме во Централноевропската иницијатива. 2013 година за Украина ќе се одбележи по претседателствувањето во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Главната стратешка цел на Украина е стекнување на полноправно членство во Европската Унија. На таа цел и се подредени како надворешнополитичките напори, така и комплексните политички и социјално-економски внатрешни реформи, што денес активно се спроведуваат во земјата. Големо евроинтеграциско достигнување на Украина стана парафирањето оваа година на Спогодбата за асоцијација со ЕУ, која, меѓу другото, предвидува создавање на зона на слободна трговија.

Истовремено Украина успешно ги развива односите на стратешко партнерство со водечките држави во светот, им придава првостепено внимание на меѓусебните односи со соседните земји и на регионалната соработка. Денес се поголема актуелност добива изнаоѓањето на новите трговско-економски партнери на сите континенти, воспоставување на конструктивна соработка со новите политички и економски центри.

Украина се стреми кон понатамошно јакнење на врските со многумилионското украинство во светот кое секогаш активно помагало во соработката меѓу својата историска Татковина и земјата на живеењето.

Одбележувајќи ја 21-годишнината од Независноста, Украинците веруваат дека понатамошното зацврстување на државниот суверенитет и демократијата, изградбата на конкуретно способната пазарна економија, активното учество во животот на светската заедница – тоа е сигурна гаранција за просперитетот на Украина и нејзиното идно членство во семејството на народите на Обединета Европа.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux