МАКЕДОНИJА И УКРАИНА СО ЗАЕМНА ПОДДРШКА НА ЕВРОАТЛАНСКИОТ ПАТ
На 24 јануари Амбасадорката на Украина во Република Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук имаше средба со Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби.
На средбата беше истакнато дека меѓу двете пријателски земји постои одлична соработка на сите нивоа, политичко, економско и културно, но дека има простор за нивно понатамошно унапредување.
Исто така, заедничка беше констатацијата дека и Македонија и Украина имаат исти приоритети, а тоа се што поскоро зачленување во ЕУ и НАТО, како исти стратешки партнери со САД и ЕУ.