


Оваа прилика беше одлична можност да се продлабочи пријателството меѓу Р. Македонија и Украина како и соработката меѓу регионите на двете земји. Од страна на Градоначалникот на општина Гевгелиjа Сашо Поцков беа презентирани условите за инвестирање во Гевгелија како и во Индустриската зона Прдејци. Страните ги истакнаа заедничките надворешно-политики приоритети на Украина и Македонија - членство во ЕУ и НАТО.
Од денешната средба произлезе и иницијатива за збратимување меѓу општина Гевгелија и градот Ужгород во Украина.