• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук денеска ја посети општина Крива Паланка
22 фебруари 2018 16:04

Средбата на градоначалникот Мицевски и на претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска со украинската амбасадорка Задорожњук беше одлична прилика за воспоставување на меѓусебно понатамошно пријателство и соработка. Во оваа прилика се разговараше и за можностите и условите за поконкретни активности, како што се можностите за помош и примена на украинските искуства во областа на гасификацијата и општо енергетиката, можноста за инвестирање во рестартирањето на фармите во с. Пасача, а од денешната средба произлезе и понуда за збратимување со општина од Украина.
Амбасадорката Наталија Задорожњук заблагодарувајќи се на срдечниот прием од страна на градоначалникот Мицевски и претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, истакна дека, на Украина како пријателска земја, од голема важност и е да развива соработка, не само на национално, туку и соработката на регионално и локално ниво. Во таа насока амбасадорката го истакна големиот потенцијал и погодната географска местополжба на општина Крива Планка, што во суштина се одлични можности за идна плодна соработка и конкретни активности.
Градоначалникот Мицевски се заблагодари на конструктивната средба и изјави дека е големо задоволство да се имаат вакви пријатели со кои се трасираат патишта за инвестиции во различни области.
-На оваа средба си ветивме и дека ќе си помагаме на патот кон Евроинтеграциите, бидејќи можеби Македонија е малку подолго во процесот на преговорите, но би сакал со нашето искуство да и помогнеме на Украина, на тој пат да чекориме заедно и по извесен период да станеме членки на ЕУ и НАТО, додаде Мицевски.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux