На почетокот на настанот, Амбасадорката на Украина Лариса Дир, меѓу другото, истакна: „Тарас Шевченко, кој ги постави темелите на националниот идентитет, останува моќна сила која го храни нашиот отпор во оваа војна на русија против Украина. Неговите зборови, кои ги разбира не само умот, туку и срцето, се хранлива енергија за секој Украинец; како за време на Мајдан, така и сега за време на отпорот против руските варвари.Поемата на Тарас Шевченко „Молитва“ ги содржи следните редови:„Мене, Боже мој, на земјатаПодај ми љубов, срцев рај!И ништо друго не ми давај!“Љубовта кон своите деца, блиски, сиромашните - помага да се бориме, да ја заштитиме Украина и да преживееме. Срцевиот рај – ќе се избориме за него. Ќе се избориме за нашата Украина. Ќе го зачуваме правото на живот. Ќе се избориме“.