• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, учествуваше на традиционалните настани на Република Северна Македонија, посветени на третата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО
27 март 2023 16:41

На 27 март 2023 година Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, учествуваше на традиционалните настани на Република Северна Македонија, организирани на највисоко државно ниво, посветени на третата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.


Лариса Дир во својот говор упати честитки до Премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи, Министерката за одбрана Славјанка Петровска и македонскиот народ за овој судбоносен настан и, меѓу другото, истакна:
“Најмладата земја членка на НАТО - Северна Македонија ѝ ја обезбедува една од најголемата помош на Украина во однос на воената агресија на руската федерација.
7-те одлуки на Владата на Северна Македонија во текот на годината за обезбедување на воена помош за Украина се од витално значење на бојното поле за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности. Обезбедувањето на Украина со дополнителни средства за противракетна и противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и борбени авиони ќе ги спаси животите на Украинците и ќе ја забрза победата над земјата агресор русија, што само по себе ќе го зајакне источното крило на НАТО.
Ве молиме, не го одолговлекувајте снабдувањето со оружје за нашите војници што може да ги заштити Украинците. Секој час на бојното поле е важен.
И преживувајќи и борејќи се во вакви услови, Украина бара безбедносни гаранции. НАТО отсекогаш ја поддржувало Украина. По 24 февруари 2022 година, ваквата поддршка и помош стана сеопфатна и оптимална. И ова ја содржи важната улога на Северна Македонија. Украина, исто така, се надева дека самитот во Вилнус ќе ги оптимизира безбедносните гаранции за Украина”.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux