• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Говорот на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за време на традиционалниот настан на Република Северна Македонија, посветени на третата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО
27 март 2023 17:29

Почитуван Премиер на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски,

Почитуван Министер за надворешни работи, г-дин Бујар Османи,

Почитувана Министерка за одбрана, г-ѓа Славјанка Петровска,

Ваши екселенции,

Почитувани гости,

За прв пат, благодарение на поканата на Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја имам честа јавно да ѝ честитам на една од земјите-членки на НАТО семејството - Република Северна Македонија на третата годишнина од нејзиниот прием во Алијансата.

И пред да се издигне знамето на Северна Македонија над седиштето на Алијансата во март 2020 година - земјата минуваше низ макотрпна и секојдневна работа, вклучително и на главните инструменти – а поточно, одлуката на Собранието од 23 декември 1993 година во врска со стекнувањето Членство на Северна Македонија во НАТО и Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Република Северна Македонија доставен до депозитарот на Договорот, САД, на 27 март 2020 година.

Напорите на Владата и македонскиот народ надминаа многу пречки на патот кон демократските реформи и интегративните процеси со цел да го исполнат високите стандарди на НАТО.

Камен-темелникот на Алијансата е член 5 од Северноатлантскиот договор. Колективната одбрана е сигурна гаранција за безбедност во услови на современите предизвици.

И Северна Македонија направи и прави напори за да го развие капацитетот на државата да придонесе за колективната безбедност. Со пристапувањето на Република Северна Македонија во Северноатлантската алијанса, самата Северна Македонија стана посилна, а Алијансата ја зајакна својата моќ.

Тоа секако дава доверба на која било земја, а исто така ги прави најефективни мерките за надминување на последиците од војната на руската федерација против Украина. Овие последици вклучуваат сајбер и хибридни закани, ранливост на критичната инфраструктура, дрски дезинформации.

Најмладата земја членка на НАТО - Северна Македонија ѝ ја обезбедува една од најголемата помош на Украина во однос на воената агресија на руската федерација.

7-те одлуки на Владата на Северна Македонија во текот на годината за обезбедување на воена помош за Украина се од витално значење на бојното поле за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности. Обезбедувањето на Украина со дополнителни средства за противракетна и противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и борбени авиони ќе ги спаси животите на Украинците и ќе ја забрза победата над земјата агресор русија, што само по себе ќе го зајакне источното крило на НАТО.

Ве молиме, не го одолговлекувајте снабдувањето со оружје за нашите војници што може да ги заштити Украинците. Секој час на бојното поле е важен.

Искрено сме ѝ благодарни на Северна Македонија и длабоко ја цениме нејзината помош. Во моментов, претседавајќи со ОБСЕ, Северна Македонија ефективно ја извршува најтешката функција да обезбеди функционирање на овој безбедносен форум во вакви опасни услови на војната на русија против Украина.

И преживувајќи и борејќи се во вакви услови, Украина бара безбедносни гаранции. НАТО отсекогаш ја поддржувало Украина. По 24 февруари 2022 година, ваквата поддршка и помош стана сеопфатна и оптимална. И ова ја содржи важната улога на Северна Македонија. Украина, исто така, се надева дека самитот во Вилнус ќе ги оптимизира безбедносните гаранции за Украина.

Би сакала да им посакам на Северна Македонија и на македонскиот народ сила, успех, енергија и просперитет, како член на колективното безбедно семејство - НАТО, чии врати се отворени и за Украина.

Ви благодариме за вниманието и поддршката! Застанете со Украина.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux