18 мај - Ден на сеќавање на жртвите од депортацијата на Кримските Татари.
Во 1944 година, како дел од „етничкото чистење“ на Крим, советскиот режим депортираше повеќе од 200 000 кримски татари. Скоро половина од нив починаа во „специјални населби“.
Сега Кримските Татари повторно доживуваат тешки искушенија во окупацијата.
Одбележувајќи го денешниот ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз Кримските Татари, се сеќаваме на сите оние кои денес на Крим се прогонувани, затворени и понижувани од страна на Руската Федерација, која нелегално го анектираше Крим.
Активностите на Русија бараат соодветен одговор од меѓународната заедница.
Веруваме дека Крим ќе биде ослободен.
Овој настан стана злосторство на геноцид и манифестација на криминалната природа на сталинистичката политика.
Само во првите години од прогонувањето починаа десетици илјади депортирани Кримски Татари. Останатите со децении беа лишени од своите права и можеле да се вратат во својата татковина дури по 1989 година.
Само по независноста на Украина, стана возможно вистинското враќање на Кримските Татари на Крим.
Трагедијата на Кримските Татари се повтори во 2014 година, со нелегалното окупирање на украинскиот полуостров од страна на руските окупаторски сили.
Започна вториот хибриден бран на депортација на Кримските Татари и вештачка промена во демографскиот состав на полуостровот.
Тој е обележан со политички, религиозни, културни прогони на Кримските Татари: забранување на Мејлисот на Кримските Татари, системски репресии, прогонства и кршење на правата на Кримските Татари, кои се спротивставуваа на вооружената агресија на Русија.
Илјадници Кримски Татари биле приморани да ги напуштат своите домови и да се преселат во континентална Украина.
Го повикуваме светот:
• да го почитува споменот на бројните невини жртви на сталинската депортацијата на Кримските Татари
• да ја осуди агресијата на Русија против Украина и новите репресии врз Кримските Татари
• да ја повика Русија да престане со кршење на основните принципи на меѓународното право и да ги почитува барањата на меѓународната заедница во врска со деокупацијата на Автономната Република Крим и градот Севастопол.
