Денес, на 17 мај 2021 година, имавме чест да го пречекаме во Амбасадата Игор Станојоски, човек кој многу ја сака Украина и со своето творештво ги доближува Украина и Македонија.
Игор Станојоски - писател, преведувач, издавач, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Г-дин Игор прекрасно зборува на украински, подолго време предавал македонски јазик на универзитетите во Украина.
Еден од последните преводи на Игор Станојоски е романот на Андриј Љубка, „Твојот поглед, Чо-Чо-сан“.
За време на состанокот меѓу Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук и Игор Станојоски беше договорено да се разработи можноста за:
-
воспоставување соработка меѓу Лавовскиот Универзитет „Иван Франко“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип;
-
спроведување на онлајн предавања како за украинските, така и за македонските студенти;
-
организирање на онлајн конференција за славистичката проблематика;
-
презентирање на украинска литература преведена на македонски јазик;
-
спроведување на други заеднички проекти.