• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Ден на паметење на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ
18 мај 2024 14:59

Пред 80 години, тоталитарниот советски режим предводен од Сталин насилно депортираше речиси двесте илјади Кримски Татари и ги испрати во егзил. Тешкиот пат на депортација стана пат на смртта за многумина - само во првите години на егзил, околу половина од депортираните починаа.
Лариса Дир: «815. 18 мај е Ден на паметење на жртвите од геноцидот на кримско-татарскиот народ. Депортацијата на Кримските Татари во 1944 година беше злосторство извршено од советскиот тоталитарен режим.
Кримските Татари продолжуваат да трпат репресии од окупаторот рф».
Депортацијата на кримскo-татарскиот народ стана едно од ужасните злосторства на советската влада во рамки на систематската геноцидна политика на бришење на националниот идентитет. И, токму сега, во услови на привремена окупација од страна на Русија на Крим и градот Севастопол, кримско-татарскиот народ продолжува да трпи политички прогон и угнетување на национална основа.
Новите злосторства на Кремљ станаа можни само затоа што сторителите на злосторствата од минатиот век никогаш не беа изведени пред лицето на правдата. Чувството на неказнивост го поттикна и продолжува да го поттикнува Кремљ да ги повторува најужасните злосторства. Овој затворен круг може да се прекине само ако на Украина ѝ се обезбеди сета поддршка што ѝ е потребна со цел да се победи руската агресија, да се ослободи украинската земја и да се изведат злосторниците пред лицето на правдата.
Во украинскиот Крим ослободен од руска окупација, домородниот кримско-татарски народ ќе има иднина, соодветна безбедност и можности за развој и просперитет.
Крим е Украина! 


Изјава на МНР: http://surl.li/tthjl
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux