Денес, 22 јануари, на денот на прогласувањето на Актот за Обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година, го одбележуваме Денот на Украинското Единство.
Пред 105 години, на 22 јануари 1918 година, Украинската Народна Република прогласи Независност, борејќи се за правото да биде суверена држава на украинскиот народ.
Идејата за Единство е основната национална вредност на Украинците, која сега не обединува сите нас во надминување на воената агресија на рф.
Во Скопје се одржа изложба на фотографии на македонската новинарка и воена дописничка Кристина Атовска, која пет месеци известуваше од Украина за злосторствата на русите. Г-ѓа Кристина својата изложба ја посвети на Денот на Единството. На фотографиите се прикажани злосторствата на руските окупатори во Буча, Кијив и Харкив.
Изложбата, која беше широко претставена пред јавноста и на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, како и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја отвори Амбасадорката на Украина Лариса Дир.
За време на изложбата беше најавен тизер од претстојниот документарен филм „Siren Lullabies“ кој е посветен на војната на русија против Украина.
Ви нудиме да го погледнете информативниот материјал на „CivilMedia“, подготвен од Амбасадата на Украина, за Денот на Единството на Украина:
https://bit.ly/3ZX7dnU