Во врска со трагичната несреќа на украинскиот хеликоптер што се случи на 18 јануари 2023 година во градот Бровари, во која загинаа раководството на Министерството за внатрешни работи на Украина: Mинистерот Денис Монастирски, Првиот заменик министер Евген Јенин и Државниот секретар Јуриј Лубкович, како и членови на екипажот, цивили, меѓу кои и деца, отворена е книга на жалост во Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
Книгата на жалост ќе биде отворена во Амбасадата на 18 јануари до 18:00 часот, 19-20 јануари од 9:00 до 18:00 часот.
Вечен спомен!