• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Статија на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за CivilMedia „Нема ништо невозможно“
29 декември 2022 14:40

Само на триста и деветтиот ден од војната, на 29 декември 2022 година, рф лансираше 120 ракети и ирански дронови врз Украина. Дел од населението на Украина остана без вода, струја и греење.

На 24 декември 2022 година, рф изврши ракетен напд врз центарот на Херсон - 10 цивили загинаа, а 59 беа ранети.

Цели на 97% од ракетите лансирани од страна на рф беа објекти на цивилната инфраструктура на Украина.

Речиси една третина од територијата на Украина има потреба од деминирање.

Во овие околности, Украинците продолжуваат да го прават невозможното - да го бранат секој метар од нивната суверена територија, да пружаат отпор на украинските територии привремено окупирани од рф, да преживуваат во зима без греење, вода и струја, да раѓаат деца, да ги учат децата, да им пружаат помош на старите лица, да подготвуваат планови за обновување на нивната територија, да се подготвуваат за политичка и социјална интеграција на окупираните територии.

Со надминување на опасните исцрпувачки искушенија, останувајќи посветена на Повелбата на ОН, Украина ја зајакнува и обединува ЕУ, станува доверливо крило на НАТО. Во услови на војна на нејзина територија, Украина продолжува да обезбедува глобална безбедност на храната по пат на заоичнување и спроведување на хуманитарната иницијатива (Grain from Ukraine). Украина го проширува своето присуство во Африка, Латинска Америка, во регионите на островите на Индискиот и Тихиот океан.

Во услови на сурова војна.

Украина е способна да биде издржлива.

Со помош на нашите држави пријатели треба да се реализира Украинската формула за мир предложена од Претседателот на Украина Володимир Зеленски:

1. Радијациона и нуклеарна безбедност.

2. Безбедност на храната.

3. Енергетска безбедност.

4. Ослободување на сите затвореници и депортирани.

5. Имплементација на Повелбата на ОН и обновување на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок.

6. Повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија.

7. Враќање на правдата.

8. Спротивставување на екоцидот.

9. Спречување на ескалација.

10. Фиксирање на крајот на војната.

Нема ништо невозможно за зачувување на животите на Украинците, универзалните човечки вредности, суверената територија на Украина.

Нема ништо невозможно за продолжување на санкциите против државата-терорист рф, за да се создаде Специјален трибунал за злосторството агресија за да се изведат руските воени злосторници пред лицето на правдата, за да се замрзнат руските средства и да се создаде механизам за компензација, за да се врати правдата.

Нема ништо невозможно - со поддршка на Украина од страна на вистинските членки на ОН.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux