Драги пријатели на Украина!
Ви ја претставуваме Фондацијата UNITERS (UNITED VOLUNTEERS) - https://bit.ly/3VjhiYK , која деветта година по ред ја одржува акцијата „Празници без тато“, на која ѝ се приклучуваат стотици волонтери низ светот со цел на Божиќ да им подарат на сите деца симболичен подарок.
Проектот „Празник без тато“ (https://bit.ly/3PPYpvg) има за цел да им помогне на децата на бранителите на Украина кои ги изгубиле своите родители и се одгледуваат без родителска грижа. Оваа година организаторите на акцијата сакаат на децата во Украина да им подарат симболични подароци - батериски ламби, како симбол на светлината, бидејќи поради постојаната руска агресија, украинските деца се принудени да го одбележувват Божиќ без светлина, во подруми и засолништа за бомби.
Волонтерите на оваа акција ќе одат со подароци секаде каде што има деца. Почнувајќи од линијата на фронтот, волонтерите ќе се движат и кон западните граници на Украина, давајќи му на секое дете симболичен подарок - симбол на надеж и верба во доброто, кое секогаш победува.
Секој може да се приклучи на оваа акција на следниве начини:
1. Финансиски:
• Да го поддржите финансиски обирањето на средтсвата преку платформата: https://zrzutka.pl/568kbr или преку банкарска сметка: https://www.swietabeztaty.pl/promo?lang=uk
• Да организирате собирање средства во рамки на # Празницибезтато, за ова треба да го контактирате фондот преку е-пошта: [email protected]
2. Материјално:
• Да организирате собирање на батериски ламби, а потоа да ги испратите до Фондацијата (за ова треба однапред да ја контактирате Фондацијата на е-пошта: [email protected] ).
3. Информациски:
• Секое спомнување на акцијата на социјалните мрежи, секое споделување ќе биде поддршка за проектот.
4. Станете партнер:
• можете да купите батериски ламби за еден град/село или одреден број деца. Организаторите ќе го постават логото на вашата организација на батериските ламби и на веб-страницата www.swietabeztaty.pl