Првата дама на Украина Олена Зеленска одржа онлајн средба со првите дами од различни земји во светот, на која присуствуваше и сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Георгиевска.
Учесниците на средбата дискутираа за резултатите од вториот Самит на првите дами и господа, што се одржа на 23 јули 2022 година во Кијив, разменија мислења за идните планови и настани, а исто така се осврнаа и на темите на следниот Самит, планиран за 2023 година. Покрај тоа, првите дами разговараа за можностите за продолжување на соработката во спроведувањето на заеднички хуманитарни и социјални проекти насочени кон надминување на последиците од војната во Украина.
Олена Зеленска истакна дека рускиот напад врз Украина и украинскиот отпор го менуваат светот, а се менува и улогата на првите дами во светот.
Елизабета Ѓорѓиевска ја потврди сеопфатната поддршка на Украина од страната на Северна Македонија, особено во однос на помошта на граѓаните на нашата држава, кои беа принудени да ја напуштат Украина во врска со вооружената агресија на русија. Беше забележана помошта од Црвениот крст на Република Северна Македонија, можноста за добивање медицинска нега и продолжување на образованието за украинските деца. Првата дама на Северна Македонија истакна дека нејзините мисли се секогаш со украинскиот народ и му посакува мир и просперитет.