Драги деца, почитувана г-ѓа Министерка Славјанка Петровска,
Божиќните празници отсекогаш биле посебни - играчки, подароци, магични светла, чувство на бајковита мистерија, писма до Свети Никола, пријателите и семејството се во близина, дух на забава и радост како дома, така и на улица.
За празниците секогаш се подготвуваат и возрасните и децата, им се радуваат на традициите, обичаите, деновите им се исполнети со очекувања за чуда и добрина. Но за жал, денес цела Украина се наоѓа под напад на руски ракети и ирански дронови.
Денес, чуда и добрина Украинците среќаваат во пријателската Северна Македонија, бидејќи нивните куќи во Украина се наоѓаат под постојано руско гранатирање, кои оштетени, кои уништени за овие 10 месеци војна.
Северна Македонија ги засолни украинските деца од руската војна. А денес, Северна Македонија на тие деца им поклони празник.
Благодарна сум ѝ на Министерката за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Славјанка Петровска, за ваквата благородна идеја за создавање на бајковито расположение, за подарување на впечатоци на децата. Министерството за одбрана на Северна Македонија, кое веќе и така ѝ помага на Украина за време на воената агресија на рф, организираше ваков светол, прекрасен и убав настан.
Дури и за време на војна, душата на детето очекува чуда и празници. Му благодарам на Министерството за одбрана, и лично на г-ѓа Славјанка Петровска, што токму поради Вашето искрено внимание кон оние кои се најдоа во неволја, доживуваат невидена мака, кон оние кои имаат потреба од помош, Вие ја зачувавте традицијата децата да имаат новогодишен празник, дури и далеку од дома, а со тоа ја зачувавте радоста на детското срце.
Искрено сум благодарна за вниманието и топлината на вашите срца.
Нека оваа година биде добра и мирна за сите нас!
Би сакала со благодарност да ги предадам сликите од украинските деца за вниманието и грижата.
Ви благодарам за убавиот настан!