На 17 декември 2022 година во организација на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и лично Министерката за одбрана Славјанка Петровска се одржа бајковит празник за украинските деца во Република Северна Македонија.
Во рамки на овој Хуманитарен предбожиќен настан за украинските деца кои живеат во Северна Македонија, се одржа детска театарска претстава, и исто така беа доделени божиќни подароци.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир: „Денес, Украинците среќаваат чудо и добрина во пријателска Северна Македонија, бидејќи нивните куќи во Украина се наоѓаат под постојано руско гранатирање, кои осакатени, кои уништени за овие 10 месеци војна. Северна Македонија ги засолни украинските деца од руската војна. А денес Северна Македонија на тие деца им поклони празник“.
Ви благодариме многу, драги пријатели!