На 14 септември 2022 година, Амбасадорот на Република Северна Македонија во Украина, г-дин Крум Ефремов, ја посети Амбасадата на Украина во Скопје.
Во искрена и пријателска атмосфера, амбасадорите разменија мислења во врска со проширување на билатералните односи и дискутираа идни заеднички проекти од договорно-правната рамка.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир: „Им благодариме на македонската влада и народ за доследната поддршка на нашата држава во борбата против државата агресор русија. Сигурна сум дека Украина и Северна Македонија се вистински пријатели, а со текот на годините нашата соработка и партнерството само ќе растат и ќе зајакнуваат“.