Почитуван господине Горан Герасимовски,
Почитувано Здружение,
Почитувани гости,
Денес, по повод Денот на Независноста на Украина, заедно со Општина Центар и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, ја отвораме „Алејата на Украина“ во срцето на Скопје.
Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина.
Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили,... Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот.
Русија, државата терорист, ја продолжува својата крвава напаѓачка политика, продолжува да бомбардира цивилна инфраструктура, трговски центри, болници, железнички станици, цркви, училишта и градинки, да го уништува културното наследство на украинскиот народ.
Северна Македонија ја поддржува и ѝ помага на Украина во сите можни сфери. Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот.
Би сакала да ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците.
По завршувањето на официјалниот дел, ве поканувам да се запознаете со фотографиите од злосторствата на русија против Украина, а поточно, да погледнете фотографии од уништеното културно наследство на нашиот народ. Фотографиите ги покажуваат последиците од погодените од страна на руски ракети и руски авиони цркви, училишта, спортски терени, библиотеки, болници. Некогаш просперитетните градови сега се претворени во руини. Но, ние ќе ги обновиме, ќе издржиме, ќе победиме.
Слава на Украина!
На Хероите слава!