На 12 септември 2022 година, Амбасадата на Украина во Скопје, заедно со Општина Центар и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, свечено ја отворија „Алејата на Украина“ во самото срце на градот Скопје.
На „Алејата на Украина“ беа засадени дрвја и беше поставена комеморативна табла со зборовите „Алеја на Украина. Слава на Украина! На Хероите слава!“.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир: „Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина.
Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили,... Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот.
Северна Македонија ја поддржува и ѝ помага на Украина во сите можни сфери. Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот.
Би сакала да ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците.“
Покрај тоа, по отворањето на „Алејата на Украина“ сите гости и обични граѓани имаа можност да се запознаат со фотографиите од злосторствата на русија против Украина, а поточно, да погледнат фотографии од уништеното културно наследство на нашиот народ. Фотографиите ги покажуваат последиците од погодените од страна на руски ракети и руски авиони цркви, училишта, спортски терени, библиотеки, болници.