На 24 февруари 2023 година, Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ одржа акција против бруталната руска воена агресија во центарот на Скопје.
Украинците се собраа да ја осудат руската агресија и да изразат поддршка за нашите херојски војници кои се борат за слободата и независноста на нашата земја.
Здружението исто така се упатија кон споменикот на Тарас Шевченко во Скопје, положувајќи цвеќе и палејќи свеќи, почитувајќи го споменот на загинатите во оваа жестока војна на русија против украинскиот народ.
Пред проекцијата на документарниот филм посветен на херојскиот отпор на Украинците кон руските окупатори, пред здружението се обрати Амбасадорката на Украина Лариса Дир.
Му благодариме на украинското здружение за неговата патриотска и активна позиција.