• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Амбасадорката на Украина Лариса Дир се обрати со говор на настан организиран од Делегацијата на ЕУ
25 фебруари 2023 11:19

На 24 февруари 2023 година, Амбасадорката на Украина Лариса Дир се обрати со говор (говорот е во прилог - https://bit.ly/3ECd9cL) на настан организиран од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, посветен на неоправданата воена агресија на русија против Украина. Во рамки на настанот, учесниците дискутираа за последиците од големи размери од неоправданата руска војна за украинските ученици и одземањето на нивното право на образование, правото на живот и детство.


За време на обраќањето до учесниците на настанот, Лариса Дир, меѓу другото, истакна дека „Војната секогаш е за смрт и уништување, војната на државата-терорист рф против Украинците стана трагедија.  Агенциите за спроведување на законот на Украина почнаа да истражуваат 69.768 воени злосторства и злосторства на агресија извршени од 24 февруари.  Приближно 3 милиони луѓе останаа без покрив над главата.
Руската агресија од големи размери предизвика низа сложени проблеми во украинското образование.
 Пред сè, ова се однесува на насилно раселените деца кои биле принудени да го прекинат учењето на одреден временски период.  Уништувањето на објектите од образовната инфраструктура - градинки, училишта, универзитети е колосална штета.
Системот на образование и образовниот процес во услови на воена состојба во Украина успеа да се зачува и обнови.  
Пред се, поради образованието на далечина, онлајн образованието овозможи да се обезбеди образовниот процес.
Услов за сите училишта и универзитети во Украина е присуството на засолниште за бомби, кое мора да биде технички опремено со се што е потребно во случај на руски ракетен напад. Во тој случај предавањата се одвиваат во засолништа“.


 Исто така, за време на настанот, на учесниците им беа претставени фотографии од македонската новинарка Кристина Атовска и полскиот документарен филм „Бришење на нацијата“, во кои беа прикажани големиот број цивилни жртви, уништеното културно наследство на Украина и хероизмот и издржливоста на украинскиот народ.


 Ви благодариме за солидарноста и поддршката!  #StandWithUkraine
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux