Зима како оружје. Солидарноста како одговор
рф систематски ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина, претворајќи ги студот и темнината во инструмент на терор. Како одговор на јавниот повик на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, за мобилизација на меѓународната помош, Амбасадата на Украина во Северна Македонија, заедно со CIVIL – Center for Freedom, започна јавна кампања на солидарност во поддршка на украинските семејства #WarmthForUkraine.
Енергетскиот систем на Украина е под постојани удари. Оштетени се снабдувањето со електрична енергија и греењето. Во Кијив и во многу други градови и заедници има големи прекини во снабдувањето со енергија. И децата и возрасните се принудени да преживуваат во екстремни зимски услови.
Целта на кампањата е да се обезбедат украинските семејства, пред сè во најранливите региони, со енергетска опрема, особено генератори.
Кампањата е фокусирана на конкретна хуманитарна поддршка:
-
набавка на генератори и критично неопходна енергетска опрема
-
донации за поддршка на енергетската отпорност на Украина
-
ширење информации за кампањата со цел привлекување поширока поддршка
Вашите средства можете да ги донирате на следната сметка:
Денарска сметка:
Фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС Скопје
Ул. Петар Попарсов бр. 43
МК – 1000 Скопје
Бр. на трансакциска
Сметка: 300000004360186
Целна дознака: Помош за Украина
Девизна сметка:
Name of the bank: Komercijalna banka AD Skopje
Address of the bank: Orce Nikolov br. 3, Skopje
Account’s holder: Fondacija MAKEDONSKI KARITAS Skopje
Account’s holder’s address: Petar Poparsov br. 43, 1000 Skopje
SWIFT Code: KOBSMK2X
IBAN Code: MK07300701003596824
Account number: 0270100359682
Remittance: Aid for Ukraine
Ова не е само за донации. Ова е за поддршката на украинскиот народ и за тоа дека човечката солидарност е посилна од зимскиот терор.
Детални информации за тоа како да се приклучите: