Изјава на МНР на Украина во врска со протестите во Иран
Украина внимателно го следи развојот на настаните во Иран и масовните протести, кои сведочат за стремежот на иранскиот народ кон слобода, достоинство и подобра иднина.
Решително ги осудуваме репресиите на властите на Иран против сопствениот народ, како и безпрецедентното зголемување на бројот на загинати и повредени меѓу учесниците во протестните акции. Ова претставува грубо кршење на фундаменталните човекови права и слободи.
Употребата на насилство и суровите методи за задушување на протестите ги поткопуваат основните принципи на демократијата и владеењето на правото.
Ги повикуваме властите на Иран да се откажат од употребата на сила, да го почитуваат правото на граѓаните на слобода на мирно собирање и слобода на изразување, како и да ги исполнат законските барања на сопствениот народ. Насилството врз незаштитените демонстранти мора веднаш да престане.
Историјата убедливо покажува дека режимите кои ги игнорираат потребите и страдањата на своите граѓани неизбежно сносат политичка, правна и морална одговорност за своите постапки.
Го повторуваме повикот до меѓународната заедница да го засили политичко-дипломатскиот и другите видови притисок врз Техеран како одговор на насилството и репресиите.