Интервју на Aмбасадорката на Украина Наталија Задорожњук за ТВ Алсат
Интервју на Aмбасадорката на Украина Наталија Задорожњук за ТВ Алсат
23 фебруари 2022 11:55
Интервју на Aмбасадорката на Украина Наталија Задорожњук за ТВ Алсат (https://bit.ly/3BGUhXe):
Ситуацијата е многу сериозна. Имаме огромно собирање на руската војска на украинско-руската граница, на украинско-белоруската граница, имаме блокада на Црното Море од страна на Русија, провокации на линијата на разграничување, гранатирање на градинки и училишта. Имаме сајбернапади на државни органи. И вчера, прекршувајќи ги сите можни меѓународни документи, почнувајќи од Повелбата на ООН, Договорот меѓу Украина и Русија, договорите од Минск, брутално прекршувајќи го меѓународното право, Кремљ ја призна „независноста“ на неговите прокси – т.н. ЛНР и ДНР.
Московскиот режим сам создава конфликтни ситуации , конфликтни зони, со цел потоа да бара свое учество во нивното решавње. Овој тренд може да се забележи и во регионот на Западн Балкан. На Русија не и одговара решавање на прашањето и стабилизирањето во регионот. Бидејќи решавање на чуствителните прашања значително ќе и ја намали нејзината политичко улога и способност да влијае на внатрешните процеси во регионоти во секоја земја одделно. Од појавата ана хибрдни трупи на Русија , балканот го спасува географската одалечености присуство на трупите на НАТО во регионот. Но овие фактори не спасуваат од појавување на хибридни иформациски и економски војни.
Мене, како Амбасадорка, ми е исклучително мило, што во оваа тешка ситуација имаме јасна и исклучително широка поддршка од страна на пријателската Северна Македонија. Изјави со поддршка за Украина истовремено дадоа Претседателот, Премиерот, Министерот за надворешни работи, Министерката за одбрана, Собранието, водечки политички лидери, водечки политички партии и, секако, обичните граѓани на пријателската држава.
Прашањето не е толку во Украина. Денес се одлучува како ќе живее светот, според кои принципи. Северна Македонија имаше голема среќа што стана членка на НАТО.