Амбасадорката информираше за најновите случувања поврзани со бруталното кршење на меѓународното право од страна на Руската Федерација и признавањето на руските прокси - ОРДЛО
Амбасадорката информираше за најновите случувања поврзани со бруталното кршење на меѓународното право од страна на Руската Федерација и признавањето на руските прокси - ОРДЛО
22 фебруари 2022 11:30
На 22 февруари, на покана на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Aмбасадорката на Украина Наталија Задорожњук беше поканета на средба со шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на Европската Унија во Северна Македонија. Наталија Задорожњук се заблагодари за поканата, за која смета дека е недвосмислена поддршка за Украина од страна на Европската унија.
Амбасадорката информираше за најновите случувања поврзани со бруталното кршење на меѓународното право од страна на Руската Федерација и признавањето на руските прокси - ОРДЛО:
вчера се случи агресија. Да, руските тенковски колони не отидоа во Мариупол, Запорожје, Чернигив, Кијив, но Кремљ ги користеше создадените од него прокси - таканаречените ДНР и ЛНР, и кршејќи ги сите можни меѓународни правни документи, почнувајќи од Повелбата на ООН и завршувајќи со Договорите од Минск, Русија ги признаа овие квази-ентитети;
ние ќе ги користиме сите дипломатски механизми и алатки за деескалација на ситуацијата;
следните чекори на рускиот режим во голема мера ќе зависат од вашата брза и остра реакција. Потребни се тешки болни санкции за режимот со цел да се избегне понатамошна ескалација.
ние активно ќе се подготвуваме за одбрана на нашата територија, но сега сите треба да дејствуваат заедно, брзо и строго. Кој ќе биде следен? Не се работи за Украина. Станува збор за заштита на основните принципи на меѓународното право. Кој ќе победи силата на правото или правото на сила.