• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Изјава на МНР на Украина по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените
26 ноември 2025 18:30

На 25 ноември меѓународната заедница го одбележува Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените – ден што ја нагласува глобалната одговорност на државите да обезбедат почитување на правата на жените и девојките, да ја гарантираат нивната безбедност, еднаквост и достоинство.

Традиционално, овој ден во Украина го означува почетокот на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, насочена кон обединување на напорите на државата, граѓанското општество и меѓународните партнери во борбата против сите форми на родово засновано насилство.

Украина е страна на Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), ги исполнува обврските предвидени со Пекиншката декларација и Пекиншката платформа за акција (1995), како и активно учествува во примената на меѓународните стандарди во сферата на човековите права во рамките на ОН, Советот на Европа и ОБСЕ. Една од клучните придобивки е пристапувањето кон Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жени и домашното насилство (Истанбулската конвенција), што значително го засили националниот систем за заштита на жртвите и создаде дополнителни механизми за превенција на насилството.

Сеопфатната агресија на РФ против Украина дополнително ја продлабочи проблематиката на насилството врз жените и девојките и ја зголеми потребата од итно хуманитарно и правозаштитно дејствување. Русија продолжува систематски да ги крши нормите на меѓународното хуманитарно право и човековите права, користејќи сексуално насилство поврзано со конфликт (СНПК) како оружје на војна и инструмент на терор против цивилното население.

Украина систематски ги документира овие злосторства согласно меѓународните стандарди, соработкајќи со механизмите на ОН, ОБСЕ и Советот на Европа, како и со Канцеларијата на специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликти. Секој документиран случај се доставува до надлежните органи за обезбедување одговорност во националните судови и меѓународните механизми, вклучително и во соработка со Меѓународниот кривичен суд.

Украина доследно ги спроведува одредбите на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН „Жени, мир, безбедност“ и го има усвоено веќе третиот Национален акциски план за нејзиното исполнување. Националниот план ги опфаќа аспектите на учество на жените во процесите на донесување одлуки, спречување насилство, заштита и рехабилитација на жртвите, како и обновување, вклучително и реагирање на воените злосторства на РФ против украинските жени и девојки.

И покрај овие напори, намалувањето на глобалните програми за меѓународна хуманитарна помош создава сериозни ризици за милиони украински жени, кои секојдневно се соочуваат со последиците од руската агресија. Украинските жени продолжуваат да играат клучни улоги како припаднички на вооружените сили, медицинарки, дипломатки, волонтерки, спасителки и општествени лидерки. Тие ги поддржуваат своите семејства и заедници, се вклучуваат во обновата на државата и совладуваат комплексни и тешки професии, обезбедувајќи ја отпорноста на земјата и покрај постојаните напади, разурнувања и хуманитарни предизвици предизвикани од руската агресија.

Украина ја повикува меѓународната заедница да ги поддржи и зајакне програмите насочени кон заштита на жените и девојките, обезбедување на нивните права, пристап до помош и правда.

Заштитата на жените и спротивставувањето на сите форми на насилство не е само обврска на државата, туку и важен елемент на глобалната борба за мир, правда и неповредливост на меѓународниот правен поредок.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux