• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Коментар на Министерството за надворешни работи на Украина по повод Денот на сеќавање на жртвите на геноцидот на кримско-татарскиот народ
18 мај 2022 16:30

Денес, Украина им оддава почит на жртвите на насилната депортација на кримско-татарскиот народ од страна на сталинистичкиот режим во мај 1944 година, една од најтрагичните страници во историјата на дваесеттиот век. Речиси секој втор претставник на кримско-татарскиот народ загинал како резултат на присилното иселување од страна на НКВД-НКДБ на речиси двесте илјади претставници на домородниот народ на Крим.

Советската политика кон Kримските Татари се характеризираше со особена бруталност. Масовната присилна депортација беше придружена со намерно уништување на историската меморија, оригиналната култура и јазик на кримско-татарскиот народ, и тотално ограбување на имотот на Кримските Татари.

Во 2014 година, Русија ги обнови злосторните советски практики против кримско-татарскиот народ. Всушност, од првиот ден на привремената окупација на Крим, окупаторите започнаа брутални репресии и политички прогони против домородното население: тие беа насилно регрутирани во руските вооружени сили, лишени од правото на мирен протест, употреба и развој на кримско-татарскиот јазик и култура.

Од 2016 година, окупаторските власти го забранија Меџлисот на кримско-татарскиот народ и ја игнорираат одлуката на Меѓународниот суд на правдата во врска со поништување на оваа незаконска одлука. Лидерите на кримско-татарскиот народ, меѓу кои и Мустафа Џемилев и Рефат Чубаров, се прогонувани и забрането им е да влезат на територијата на Крим. Окупаторскиот режим од политички или верски причини незаконски притвори повеќе од 120 граѓани на Крим, од кои повеќето се Кримски Татари.

Во текот на изминатите осум години, руските окупатори извршија милитаризација на Крим без преседан, претворајќи го некогаш гостопримливиот и мирен полуостров во своја воена база и поткопувајќи ја безбедноста во регионот на Црното Море. Во моментов, руските трупи го користат полуостровот за гранатирање на украинските градови и заземање територии во јужна Украина.

Инвазијата од големи размери од страна на РФ против Украина само ја влоши ситуацијата со човековите права на полуостровот. Кримските Татари страдаат од систематски политички прогон, етничка и верска дискриминација, насилни исчезнувања, тортура и притвор. Вклучително, окупаторите продолжуваат незаконски да ги држат позади решетки првиот заменик-шеф на Меџлисот на кримско-татарскиот народ, Нариман Џељал, под измислени обвиненија, кои не се ништо друго освен одмазда за неговата активна граѓанска позиција.

Го повикуваме светот да ја признае депортацијата на Кримските Татари во 1944 година како геноцид, да се приклучи на Меѓународната Кримска платформа, во рамки на која Украина и нејзините партнери ја продолжуваат заедничката борба за деокупација на Крим, да ги зајакне меѓународните санкции кон РФ. Руската Федерација мора да сноси меѓународна правна одговорност за сите нејзини злосторства против човечноста и човештвото на територијата на Украина, вклучително и на Крим.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux