• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Коментар на МНР на Украина во врска со годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН за сексуалното насилство поврзано со конфликт
29 мај 2026 16:09

Министерството за надворешни работи на Украина го изразува поддршка за објавувањето на годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН за сексуалното насилство поврзано со конфликт и првото вклучување на Вооружените сили и безбедносните сили на Руската Федерација и поврзаните со нив групи во списокот на страни за кои постојат основани сомневања дека се одговорни за систематски акти на сексуално насилство во услови на конфликт – таканаречениот „список на срамот“. 

Ова е важен чекор на патот кон утврдување на вистината, воспоставување правда и обезбедување одговорност за злосторствата извршени од Руската Федерација во текот на нејзината агресија против Украина. 

Во текот на руската агресија, илјадници граѓани на Украина – жени, мажи и деца – беа жртви на сексуално насилство од страна на воени и окупациски структури на РФ. Особена загриженост предизвикува состојбата на украинските воени заробеници и цивилните лица кои се држат во заробеништво. Речиси секое ослободено лице сведочи за сексуално насилство, тортура, понижување и други форми на нечовечко постапување во руското заробеништво. 

Руската Федерација го користи сексуалното насилство како метод на водење војна, инструмент на терор, заплашување и уништување на човечкото достоинство. Украина им е благодарна на сите релевантни структури и функционери на ОН за признавањето на оваа реалност. 

Показателно е што Руската Федерација сега се наоѓа на листите на прекршители во рамките на два клучни мандати воспоставени од Советот за безбедност на ОН – за децата и вооружените конфликти, како и за сексуалното насилство поврзано со конфликт. Тоа претставува уште една меѓународна потврда за криминалната природа на режимот на Путин и системскиот карактер на злосторствата што ги врши. 

Во исто време, убедени сме дека ова прашање не треба да се ограничи само на уште еден извештај или на вклучување во списокот на прекршители. Дојде време да се премине од декларации кон конкретни дејствија насочени кон обезбедување одговорност на Руската Федерација и нејзините претставници. Особено, руските воени лица вмешани во систематски прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права не можат да учествуваат во мировните операции на ОН. 

Фактите наведени во извештајот на Генералниот секретар на ОН и нивната квалификација ќе претставуваат основа за понатамошни меѓународни напори насочени кон повикување на одговорност на Русија и виновните лица. Целосната и сеопфатна одговорност за сексуалното насилство поврзано со конфликт е составен дел од одговорноста за руската агресија во целина. 

Паралелно, Украина ќе продолжи систематски да ги зајакнува националните механизми за реагирање на сексуалното насилство. Нашата држава го ратификуваше Римскиот статут, обезбедува непречен пристап за меѓународните мониторинг-мисии и продолжува со унапредување на механизмите за поддршка на жртвите, особено во рамките на спроведувањето на законодавството за правата на жртвите и обезбедувањето меѓувремени репарации.  

Високо ја цениме соработката со Специјалната претставничка на Генералниот секретар на ОН за сексуалното насилство во услови на конфликт, Прамила Патен, и нејзиниот тим, вклучително и Групата експерти на ОН за владеење на правото и сексуално насилство во услови на конфликт. Денешното објавување на извештајот и вклучувањето на државата-агресор во „списокот на срамот“ беа овозможени и благодарение на систематската работа на украинските дипломати, придонесот на украинските органи за спроведување на законот, Владината овластена за прашања на родовата политика, како и претставниците на невладиниот сектор. Значителното зајакнување на оваа соработка по целосната инвазија на РФ во 2022 година, исто така, даде важен придонес за зајакнување на капацитетите на украинските органи за спроведување на законот и судските органи, усовршување на законодавството, проширување на пристапот на жртвите до правна помош и воведување пристапи почувствителни на нивните потреби.  

Украина и понатаму ќе работи заедно со меѓународните партнери со цел надминување на последиците од сексуалното насилство, обезбедување поддршка за жртвите и повикување на одговорност на Руската Федерација и сите виновни лица. 

Со целосниот текст на извештајот може да се запознаете на следниот линк:   https://news.un.org/en/sites/default/files/atoms/files/secretary-general-report-on-sexual-violence-in-conflict.pdf


Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux