• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Заедничка изјава на Андриј Сибига и Матвиј Бидни
27 мај 2026 18:10

Остро ги осудуваме неодамнешните одлуки на World Gymnastics (Меѓународната гимнастичка федерација) и European Gymnastics да им дозволат на спортистите од Руската Федерација и Република Белорусија да учествуваат на меѓународни натпреварувања под нивните национални симболи. Таквите чекори се спротивни на основните принципи на фер-плеј, солидарност и мир врз кои треба да се темели меѓународниот спорт.

Ништо не е променето: Русија продолжува со својата незаконска и неиспровоцирана агресија врз Украина, секојдневно убивајќи цивили и уништувајќи украински градови и цивилна инфраструктура. Како резултат на руската војна, веќе се уништени или оштетени 852 објекти на спортската инфраструктура низ цела Украина, вклучително и спортски училишта, стадиони и тренинг-центри.

Украинските спортисти продолжуваат да тренираат во услови на постојана опасност, воздушни тревоги, гранатирања и ограничен пристап до спортска инфраструктура. Многу спортисти беа принудени да ги напуштат своите домови и ја загубија можноста соодветно да тренираат.

Во такви околности, враќањето на претставниците на државите-агресори под нивните национални знамиња испраќа лажен сигнал за наводна „нормализација“ на ситуацијата и фактички ја игнорира војната и злосторствата што Русија продолжува да ги врши врз украинскиот народ.

Ја повикуваме Генералната асамблеја, меѓународната спортска заедница, националните федерации и сите партнери да не ја поддржат оваа цинична одлука на Извршниот комитет и да останат посветени на принципите на Олимпиското движење, меѓународното право и човечкото достоинство. Спортот не смее да стане платформа за легитимирање на државите-агресори и нивната пропаганда.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux