• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Коментар на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во врска со масовниот руски ракетен напад врз Киjив
10 октомври 2022 13:01

На 10 октомври 2022 година Русија го започна најневидениот ракетен напад во текот на војната на територијата на цела Украина со употреба на стратешки авиони. На ова му претходеа нападите со крстосувачки ракети на Русија врз населените станбени области на Запорижја, каде што беа испратени најмалку 22 ракети, при што за два дена загинаа 16 лица, а околу 100 беа повредени.
Најмалку 83 ракети и 17 камикази дронови беа испратени од Русија, Белорусија, Каспиското Море и привремено окупираниот Крим, при што загинаа 11, а беа повредени 64 лица. Според прелиминарните податоци, 45 ракети беа пресретнати, а 9 камикази дронови испорачани од Иран беа уништени од Силите за Воздушна Одбрана.
Критичните цивилни инфраструктури на многу градови во Украина (Кијив, Запорижја, Днипро, Житомир, Хмелницкиј, Тернопил, Лвив, Ивано-Франкивск, Кропивницкиј, Кременчук, Суми, Харкив и други) и јавните простори беа таргетирани. Станбените зони останаа без енергија и вода.
Повторниот руски бран на терористички дејствија насочени кон уништување на цивилната инфраструктура на Украина го докажува статусот на Русија како терористичка држава, која напаѓа цивили додека губи на бојното поле во својата војна на агресија против Украина.
Нападите на Русија во пресрет на грејната сезона се насочени кон заплашување на цивилното население, предизвикување хаос и поткопување на решителноста на Украина да ги ослободи нејзините територии кои се привремено окупирани од Русија.
Дејствијата на Русија ја дефинираат нејзината војна против Украина како недвосмислено геноцидна. Последен пат кога една нација во Европа видела ѕверства од таков размер, беше за време на Втората светска војна. Од почетокот на војната од големи размери на 24 февруари, Русија лансираше повеќе од 3500 ракети кон Украина, погодувајќи претежно цивилна инфраструктура.
Бараме да се обезбедат дополнителни системи за противвоздушна и ракетна одбрана, како и оружје со долг дострел, како и да се признае Русија како држава-терорист и режимот на Путин како спонзор на тероризмот.
Системите за противвоздушна и ракетна одбрана треба да се набават што е можно поскоро: тие ќе ги заштитат цивилите и инфраструктурата, кои ќе бидат уште поранливи во претстојните зимски месеци.
Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux