• A-
    A+
  • Mакедонски
  • Українською
Говорот на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за време на отворањето на изложбата на украинскиот уметник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“
07 октомври 2022 12:50

Почитувано раководство на Универзитетот!

Почитувани гости! Почитувани студенти и професори!

Почитувани Украинци!

Би сакала искрено да им го честитам на сите присутни почетокот на академската година и отворањето на оваа изложба. За професорите и студентите тоа се нови планови, нови достигнувања, нови можности кои даваат основа за сопствено усовршување, за егзистенцијална, емотивна и креативна реализација, каква што е оваа изложба на прекрасни инспиративни дела на која сме присутни.

Симболично е тоа што се собравме на такво посебно место за да ја демонстрираме уникатната креативност на нашиот украински уметник и волонтер Ростислав Прокопјук. Сепак, денес, за време на руската воена агресија против Украина, Украинците се борат не само за слобода и независност, туку и за сопствената култура. Секој го брани својот фронт: воениот, волонтерскиот, хуманитарниот, информативниот и културниот.

Секоја секунда русите вршат злосторства на територијата на независна Украина, го тероризираат цивилното население, вклучително деца и постари лица. Нескротливите украински војници секој ден на бојното поле ги бранат Украина и европските вредности.

Украинците високо ги ценат вистинските пријатели кои дојдоа да помогнат во тежок момент. Господинот Ростислав Прокопјук донира дел од своите дела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во знак на благодарност за непроценливиот придонес на Северна Македонија за поддржување на Украина во нејзиното спротивставување на вооружената агресија на руската федерација.

Сите учесници на нашата отворена изложба можат да се приклучат на иницијативата на Претседателот на Украина Володимир Зеленски „United24“ и да инвестираат во победата на Украина над државата агресор, како и да купат слики на авторот, а приходите ќе одат во добротворни цели.

Би сакала да го истакнам делото на украинските уметници кои ја популаризираат нашата култура низ призмата на сестраната уметност и денес имаме чест да ви ја претставиме вам, драги пријатели, оваа заедничка работа.

Outdated Browser
Для комфортної роботи в Мережі потрібен сучасний браузер. Тут можна знайти останні версії.
Outdated Browser
Цей сайт призначений для комп'ютерів, але
ви можете вільно користуватися ним.
67.15%
людей використовує
цей браузер
Google Chrome
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
9.6%
людей використовує
цей браузер
Mozilla Firefox
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux
4.5%
людей використовує
цей браузер
Microsoft Edge
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
3.15%
людей використовує
цей браузер
Доступно для
  • Windows
  • Mac OS
  • Linux