На 29 август 2022 година, новоименуваната Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, му ги предаде копиите од акредитивните писма на Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.
За време на средбата, Л. Дир извести за моменталната исклучително тешка ситуација во Украина по повеќе од 6 месеци од уништувачката инвазија од големи размери на Украина од страна на државата агресор рф. Беше изразена благодарност за помошта и сеопфатната постојана поддршка на Украина во сите сфери, вклучително и во аспирациите за евроинтеграција на Украина, исто така се разговараше и за состојбата на билатералната соработка меѓу Украина и Северна Македонија.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир: „Украина и Република Северна Македонија имаат одлични перспективи за проширување на соработката во сите сфери; заеднички ќе продолжиме да работиме на продлабочување на трговско-економските, културните, образовните и туристичките врски меѓу нашите земји“.
Министерот Бујар Османи увери дека Северна Македонија ќе продолжи да ѝ ја пружа сета можна помош на Украина, вклучително и во обновувањето на Украина, по победата над русија.
„Северна Македонија цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а исто така е апсолутно подготвена за понатамошна помош на Украина во соочувањето со предизвиците на руската воена агресија“, истакна Б. Османи.