На 30 август 2022 година, новоименуваната Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, му ги предаде Акредитивните писма на Претседателот на Северна Македонија, Stevo Pendarovski.
Амбасадорката на Украина Лариса Дир: „Денешниот свет ни претставува многу предизвици, особено на полето на безбедноста. Сметам дека само заедно, рамо до рамо, ние ќе успееме да изградиме нова и поефикасна безбедносна архитектура во Европа.
Би сакала да изразам искрена благодарност до Вас и до целиот македонски народ за поддршката и помошта што Северна Македонија ја обезбедува од почетокот на руската војна против Украина.
Помошта од властите, нерамнодушните граѓани и претприемачите е многу активна. Северна Македонија веќе има предадено повеќе од 230 тони хуманитарна помош во Украина, а покрај тоа ја обезбеди и неопходната материјално-техничка помош за Украина во воено-техничката сфера.
Претседателот Стево Пендаровски изрази јасна увереност во тоа дека Украина ќе победи и ќе го обнови нејзиниот територијален интегритет, кој постоеше пред бруталната воена инвазија на рф во 2014 година.
„Северна Македонија е пријателска земја која секојдневно сочувствува со украинскиот народ и затоа Ве уверувам дека Украина ќе има целосна поддршка од Северна Македонија, а сите наши државни институции ќе го олеснат Вашето работење и ќе се обидат да помогнат на сите можни начини“, - истакна С.Пендаровски.
За време на средбата, Л.Дир го информираше Претседателот С. Пендаровски за моменталната тешка ситуација во Украина и за воени злосторства на русија против украинскиот народ, намерното уништување на цивилната инфраструктура, тероризирањето на населението со ракетни напади и деструктивна артилерија, како и за подготовката на рф за одржување на лажни референдуми на привремено окупираните територии на Украина.
Лариса Дир изрази посебна срдечна благодарност за подготвеноста на Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, да ги поддржи иницијативите на Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во врска со реализирањето на хуманитарни проекти за Украинците кои беа принудени да ја напуштат Украина поради инвазијата од големи размери на рф на територијата на Украина.