Денеска амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук го отвори првиот настан на Амбасадата во рамките на одбележувањето на 30 -тата годишнина од независноста на Украина - проекција на филмови на Олександр Довженко, во организација на Кинотека на Северна Македонија.
За време на настанот, претставникот на Националниот центар Олександр Довженко, Арсениј Књазков, одржа предавање за историјата на украинскиот кинематограф и одговори на прашања од заинтересираната публика.
Три дена по ред македонската јавност ќе има можност да се запознае со трилогијата на Олександр Довженко „Звенигора“, „Земја“ и „Арсенал“.