Амбасадорката на Украина Лариса Дир говореше на регионалната конференција „The ongoing war in Ukraine and influences of external actors – security challenges for Europe and the region“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје и Филозофски факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Л.Дир во својот говор меѓу другото нагласи дека „русија го продолжува геноцидот врз Украинците. Државата агресор го негира претходниот геноцид – Гладоморот во Украина од 1932-1933 година кој беше организиран од комунистичка русија на чело со Сталин. Парламентите на

,

,

,

,

,

,

,

веќе усвоија одлука за осуда на злосторството геноцид во Украина, извршено од страна на русија. Ќе бидеме благодарни доколку парламентите на другите земји донесат одлука да го осудат геноцидот врз украинскиот народ.
Украина ја повикува секоја држава да се приклучи на Специјалниот Меѓународен Трибунал инициран од Украина за изведување пред лицето на правдата на руското воено и политичко раководство за злосторството агресија.
Како што знаете, на 30 септември Украина потпиша барање за забрзана процедура за влез во НАТО, за која е потребна консензусна одлука од сите земји-членки на Алијансата.
Украина е единствен уникатен пример на држава која и покрај агресијата од големи размери, одржува институционални капацитети и целосна контрола, ги исполнува сите обврски кон општеството и продолжува да спроведува реформи. Нашата држава смета на позитивни промени во позициите на земјите-членки на НАТО, кои претходно беа скептични за приемот на Украина во Алијансата.
Доколку Алијансата воспостави дополнителни услови кои Украина мора да ги исполни за успешно да го заврши процесот за влез во НАТО, Украина ќе ги исполни. Би сакале да ја побараме вашата поддршка за спроведување на овој процес.
Заштитувајќи го правото на живот на Украинците, постоењето на украинската држава, европските вредности, Украина има сигурна поддршка од земјите-членки на ЕУ и НАТО.
Посебно сакам да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија која ги поддржа сите пакети со санкции, обезбеди поддршка за сите резолуции во рамки на меѓународните организации, го поддржа форматот на Кримската Платформа, е учесник на седницата на Парламентарната димензија на Кримската платформа, обезбедува хуманитарна помош уште од првите денови на војната, а исто така обезбедува значителна воена помош“.
На конференцијата учествуваа Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска, шефови на дипломатски претставништва на САД и Германија, претставници од научните и стручните кругови на Северна Македонија.