На 25 октомври 2022 година Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, одржа средба со заменик Министерот за политички систем и односи со заедниците на Северна Македонија, потпретседател на Партијата за движење на Турците, Cabir Doko.
Во текот на разговорот Џабир Доко ѝ изрази на Амбасадорката зборови за поддршка на Украина и солидарност со украинскиот народ во спротивставувањето на руската вооружена агресија која трае веќе 8 месеци. Страните разговараа за актуелни прашања за развојот на билатералните односи меѓу Украина и Северна Македонија, вклучително во рамки на Првиот Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа, што деновиве се одржува во Загреб.
Амбасадорката Лариса Дир го информираше соговорникот за Законот на Украина „За домородните народи на Украина“ во Украина.
Беше упатена молба за понатамошна поддршка од Северна Македонија на евроатлантските аспирации на нашата земја, вклучително и на неодамна поднесеното барање за членство во НАТО.
Заменик Министерот од своја страна извести за неговата намера да ја посети Украина во блиска иднина и, вклучително, да одржи серија средби со претставници на кримско-татарскиот народ.