Амбасадорката на Украина Лариса Дир: "Градот Буча беше речиси уништен, овој град беше под руска окупација повеќе од 30 дена. Заклучно со денес се знае за повеќе од 400 загинати цивили во градот, потрагата и ексхумацијата се уште се во тек. Тешко е да се зборува за тоа, но по деокупацијата, во градот беа откриени места каде што русите го измачуваа цивилното население.Градот кој во мирно време беше тивок доживеа масовни убиства на украинското цивилно население, придружени со киднапирања, мачења и силувања, вклучително и на деца.Сите споменати злосторства ги извршија вооружените сили и другите формации на русија. Русија е држава-терорист која дрско ја дезинформира меѓународната заедница и во исто време убива деца и трудници со ирански дронови, ракети, артилериско гранатирање. Сите руски агресори кои извршија воени злосторства и злосторства против човештвото мора да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети. Украина веќе се обрати до сите држави, вклучително и Северна Македонија, да го поддржат создавањето на Специјален Меѓународен Трибунал за истражување и изведување пред лицето на правдата за злосторството агресија.Би сакала искрено да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија, вклучително и на градот Кавадарци, на градоначалникот на Кавадарци, господин Митко Јанчев, за исклучително важната помош за Украина. На почетокот на руската војна против Украина, градот Кавадарци веќе додели 600.000 денари помош за Украина”.
Ви благодариме за постојаната поддршка и за фактот што, и покрај тоа што сте оддалечени илјадници километри од борбената линија, жителите на кавадарската заедница остануваат со отворено срце за оние на кои им е потребна поддршка.