Амбасадорката на Украина Лариса Дир на 6 декември 2022 година се сретна со поглаварот на Епархијата на Римокатоличката црква во Скопје и на Македонската грчко-католичка црква, Бискупот Киро Стојанов и Директорот на "Каритас Македонија" Зоран Стојанов.
За време на средбата, Л.Дир го информираше Бискупот за актуелната ситуација во Украина, вклучително за продолжувањето на рускиот ракетен терор врз мирното украинско население, за уништувањето и оштетувањето на цивилната и критичната инфраструктура на Украина.
Се разговараше за верската ситуација во Украина и Северна Македонија, вклучително Л.Дир зборуваше за Сеукраинскиот Совет на Цркви и верските организации, како и за формирањето на Православната Црква на Украина и обединувачката улога на Украинската грчко-католичка црква за Украинците во странство.
Посебна тема за разговор беше прашањето за помош од РКЦ, книгата „Енциклика за мирот во Украина“, која ги содржи говорите на папата Франциско кои се однесуваат на војната во срцето на Европа. Скопската Епархија на РКЦ ја продолжува иницијативата на Папата Франциско и досега секоја недела се одржуваат молитви за мир во Украина.
За време на разговорот, беше истакната важната обединувачка улога на украинските грчко-католички свештеници во странство, особено интересен е фактот што Епископот на УГКЦ Степан Чмиљ беше ментор како на Папата Франциско (во Аргентина, каде што отецот престојуваше за исполнување на пастирски активности меѓу украинските емигранти ), така и на Бископот Киро Стојанов (во Рим, каде што отец Степан предавал во Украинската папска мала семинарија на Свети Јосафат).
Бископот Киро Стојанов исто така изрази подготвеност да врши богослужба на украински јазик за Украинците во странство, вклучително и оние кои поради крвавата агресија на рф, беа принудени да ја напуштат Украина во потрага по заштита.