На 07.12.2022 година Амбасадорката на Украина Лариса Дир учествуваше на основачкиот состанок на Интерпартиската парламентарна група на Собранието на Република Северна Македонија за поддршка на Меѓународната Кримска платформа, што го одржа Спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери како Претседател на Групата.
На состанокот учествуваа претставници од сите фракции на Собранието, кои во моментов се членки на Групата, како и Амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија (како претставник на земјата коорганизатор на Првиот Парламентарен Самит на Меѓународната Кримска платформа). Сите присутни ја изразија својата едногласна поддршка за Украина во нејзиното спротивставување на вооружената агресија на русија и ја потврдија својата подготвеност да работат на сите можни нивоа и платформи за обновување на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава.
Лариса Дир: „Искрено сме му благодарни на Претседателот на македонското Собрание и на пратениците за создавањето на Интерпартиската парламентарна група! Сигурна сум дека нејзините идни активности ќе придонесат за реализација на целите на парламентарната димензија на Меѓународната Кримска платформа, пред се деокупација на привремено окупираните територии на Украина“.